Шести ден продолжува потрагата по исчезнатиот Мартин на Халкидики
Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи и денеска, шести ден по ред, ја продолжуваат потрагата по исчезнатиот македонски државјанин на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија синоќа соопштија дека „како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население“.
Паралелно, додадоа, дека нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатиот.
Вообичаена пракса на грчката крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена по исчезнувањето, меѓутоа овој рок беше продолжен по телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дедниас.
Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Северна Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.
Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.
Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак во неделата, по околу 20 часа во морето беше пронајден и 30-годишниот Иван.
Ново на Сител
-
Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков
-
Сообраќајна несреќа на патот Скопје - Тетово, едно лице се здобило со тешки телесни повреди
-
При претресот кај Видевски не е пронајден пиштолот за кој имал дозвола
-
777 санкции за возачи во текот на вчерашниот ден, 212 за пребрзо возење
-
При претрес во Кочани пронајдено оружје и дрога - приведени две лица
-
Алкараз: Тоа што Синер не игра во Индијан Велс, не менува ништо
-
Се испитуваат причините по повредата на дете предизвикана од пад на гранка од дрво во Карпош
-
Царината заплени 18 килограми сребро, 1.852 парчиња облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки