Македонија
23. July 2020 - 11:49

Шестгодишно дете починало по пад од трактор во прилепско

Шестгодишно дете починало откако паднало од трактор во с. Дебриште, прилепско. Како што информираат од МВР:

„На 22.07.2020 во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт.

Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.“