Шестачињата пак ќе извисат за книги, одговорност не чуствува никој
Шестоодделенеците наредната учебна година може ке останат без учебници, но директорот на Бирото за развој на образованието не чувствува одговорност бидејки како што вели се работи согласно процедурите за изготвување на наставните програми.
„Не чувствувам одговорност. За изработка на наставни програми има процедури, правилници и според нив имаме постапено навремено. Откако се подготвија работните групи, повторно се ангажира второстепена комисија за разгледување евентуално да не има некои пропусти во тие наставни програми и потоа конечната верзија ја доставивме до Министерството. Не може сите програми одеднаш да се изработат, но поединечно доставуваме до МОН. Мислам дека ако постапката за печатење на учебници оди по сите процедури, можеби не на 1 септември, туку на 2 или 3 учебниците ќе бидат готови“,
Министерот Шаќири уверува дека во новата учебна година нема да има проблеми и учебници ќе има уште од самиот почеток.
- Некои од наставните програми за трето одделение се доставени во ноември претходната година. Затоа со учебниците за трето одделение сме во напредна фаза, а со наставните програми за шесто одделение сме во трка да го стигнеме 1 септември. Се прават сите подготовки за учебниците да бидат готови до 1 септември“.
Предлогот за календарско поместување на учебната година од 11 септември до крајот на јуни, со вклучување на пролетен распуст, се уште е предмет на дискусија, но од СОНК ја поздравуваат идејата за пролонгиран старт.
Експерите пак со апел да не се експериментира со реформи во образованието кое и онака е во катастрофална состојба.
Дел од учебниците и минатата година доцнеа поради новите наставни програми за некои одделенија, а учениците учеаа од скрипти.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
