Шеста ротација на словачки полицајци во Македонија

Нова група од 25 припадници на полицијата на Република Словачка утре ќе пристигнат во Македонија. Ова е шеста ротација на полицајци од Словачка кои ќе бидат распоредени во областа на Битола и Меџитлија.
Словачките полицајци, врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија, спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.
Полицајците ќе бидат соодветно опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.
Словачка во 2016-та година има испратено вкупно 125 полициски службеници што, како што наведуваат во соопштението од Словачката амбасада во Македонија, е најголем придонес по глава на жител од осумте странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Македонија.
- Помошта е израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза и во контекст на неодамна завршеното словачкото претседателство во Советот на ЕУ, каде еден од приоритетите беше „одржлива мигрантска и азилска политика”, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
