Шест тендери за локалната патна мрежа во општина Гевгелија
Општина Гевгелија денеска објави шест нови тендери наменети за подобрување и проширување на локалната патна мрежа во општината и за регулација на одводните канали.
Според информациите од одделението за урбанизам, едниот тендер се однесува за прибирање на понуди за изградба на нови улици, втортиот јавен повик е за одржување и реконструкција на постојни улици, а третиот за изградба и реконструкција на тротоари и патеки со павер елементи.
Покрај ова, општина Гевгелија објави јавен повик и за набавка на семафорска сигнализација,потреба која се наметна со уредувањето на новите кружни текови кое се наоѓа во завршна фаза и за уредување на последниот дел, односно горниот тек од одводниот канал „Рауљ“ со чија што регулација всушност ќе заврши реализацијата на комплетниот проект кој финансиски беше подржан од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и средства од буџетот на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК