Шест студенти се удавија во рудник во Кина
Шест универзитетски студенти во Кина се удавија за време на екскурзија во рудник во регионот Внатрешна Монголија во северна Кина.
Трагедијата се случила кога студенти од Универзитетот Шенјанг (Североисточен универзитет) паднале во флотациски базен во рудник за бакар и молибден откако попуштиле заштитните решетки, соопшти „Жонѓин Голд“. Во несреќата бил повреден и еден професор.
Компанијата веднаш активирала план за вонредни состојби и ги известила надлежните локални власти за инцидентот, соопшти компанијата. Акциите на „Жонѓин Голд“ паднаа за повеќе од пет отсто во утринската трговија во Шангај откако се појави веста.
Производството во рудникот е запрено. Според професор на Североисточниот универзитет, ваквите посети се организираат со години и инцидентот бил сосема неочекуван. Универзитетот го испратил својот персонал на местото на настанот за да ја управува ситуацијата.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција
-
Бројни концерти во шпицот на сезоната