Шест работници паднале во реката при уривањето на мостот во Балтимор, се претпоставува дека се мртви
Шест лица се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви по уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор, што вчера беше удрен од брод со контејнери.
Официјални лица на американската крајбрежна стража и полицијата на Мериленд изјавија дека шансите исчезнатите да преживеале се исклучително мали поради ниската температура на водата и времето поминало од несреќата.
Потрагата по исчезнатите е прекината и ќе продолжи во утринските часови, соопштија властите.
Еден од потпорните столбови на мостот бил погоден од контејнерскиот брод „Дали“, што плови под знамето на Сингапур, по што се урнале неколку сводови на мостот.
Истиот брод бил вклучен и во несреќа во белгиското пристаниште Антверпен во 2016 година, кога удрил во брегот додека се обидувал да излезе од терминалот за контејнери во Северното Море.
Инспекцијата на бродот во Антверпен во 2016 година покажа дека има структурен проблем, наведен како „оштетување на трупот што ја намалува неговата способност за пловидба“, покажуваат податоците објавени на „Еквасис“ (Equasis), јавна база на податоци за поморската индустрија.
Мостот Френсис Скот Ки, долг 1,6 милји, е крвотокот на пристаништето Балтимор.
Ја премостува реката Потапско, отворен е во 1977 година и именуван според авторот на американската химна „Star Spangled Banner“. Годишно низ него минуваат 11,5 милиони возила.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир - го ранил во ногата додека пешачел
-
Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче
-
За време на празничниот викенд од ГП Табановце излегле над 29 илјади македонски државјани
-
Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност
-
Во багаж на патник во автобус со турски национални ознаки пронајдени 30 штеки цигари
-
Залутан куршум оштети кров на скопјанец
-
Косовската полиција заплени 120 000 евра шверцувана стока од Македонија
-
Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал