Шест нуклеарни реактори во Франција се со фабричка „маана“
Француската компанија за прозводство на електрична енергија –ЕДФ денес објави дека 6 нуклеарни реактори кои се во функција имаат фабрички проблеми на некои компоненти откриени при контролите минатата недела, но притоа се вели дека тие можат и понатаму да функционираат, јавува дописникот на МИА.
–Во оваа фаза на техничкото испитување за овие компоненти, ЕДФ смета дека забележаните разлики не го доведуваат во прашање користењето на опремата и не бараат итен третман, се вели во соопштението на групата, додавајќи дека тоа се однесува и за опремата за идниот реактор на Фламанвил (во Ла Манш).
Како и да е, надлежниот орган за нуклеарна безбедност (АСН) на Франција ќе ги испита безбедносните елементи што ги обезбедуваат ЕДФ и Фраматом. АСН планира да се изјасни за помалку од еден месец, со можност за „преземање мерки на претпазливост, а ако е потребно и да се исклучат реакторите“.
–Сè уште чекаме дополнителни елементи. Потоа, ќе има анализа, со поддршка на нашата техничка рака ИРСН (Институт за заштита од зрачење и нуклеарна безбедност).Затоа ќе биде неопходно да се проверат демонстрациите за безбедност со симулирани податоци за намалување на механичките карактеристики и зголемени преостанати стресови на заварувањата на реакторите, се вели од надлежните власти.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец, крадел пари од тезга
-
Сиљановска-Давкова: Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето
-
Кина ќе разговара со Русија и Иран за нуклеарната програма на Техеран
-
При претрес во Гостивар пронајдена марихуана
-
Кина најавува мерки како одговор на американските царини за челик
-
Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП
-
Определен 30 дневен притвор за Капушевски, Сулкоски и Муча, Јахоски оди во домашен притвор
-
Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик