Шест нови училишта ќе се градат в година, досега изградени 72

Трендот на изградба нови училишта во Македонија продолжува и натаму. За следната година планирана е изградба на шест нови училишта. Во моментов две се во фаза на изградба, а досега се изградени 72 целосно нови училишта. Тоа значи дека до крајот на идната година ќе бидат завршени вкупно 80 нови училишта, информира денеска премиерот Никола Груевски.
Тој додаде дека покрај изградбата на овие нови 80 училишта, во изминатиот период комплетно биле реновирани 350.
Од шесте кои се планираат за идната година, појасни Груевски, две произлегле од одењето на терен и средбите со граѓаните.
- Едното е училиштето „Тихомир Милошовски“, во делот на Новоселски пат – Волково, а второто е во делот на Лисиче „Димитар Македонски“ каде целосно ќе биде изградено ново. Училиштето во Волково ќе има толку голема надградба што практично ќе биде како изградба на ново училиште. Училиштето во Лисиче е дотраено, тоа се бараки кои ќе бидат заменети со целосно ново училиште, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на компјутерскиот томограф на Клиниката за неврологија.
На ваков начин до крајот на следната годината, додаде премиерот, во нашиот мандат ќе имаме завршено вкупно 80 нови новоизградени училишта.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
