Свет
7. April 2017 - 10:38

Шест лица загинаа во ракетниот напад на САД, тврди сириската армија

Сириската армија соопшти дека во американските ракетни напади врз база на сириските Воено воздухопловни сили биле убиени шест луѓе и се нанесени огромни материјални штети.

Армијата во соопштение не прецизира дали жртвите се војници или цивили.

- САД извршија во 3 часот и 42 минути флагрантна агресија врз една од нашите военовоздушни бази во централниот дел од Сирија. Во ракетниот напад загинаа шест луѓе, има ранети и голема материјална штета, се вели во соопштение од армијата.

Тие тврдат дека американската агресија им штети на сириските воени операции против тероризмот.

Педесет и девет ракети Томахавк се испукани синоќа од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели, соопшти Пентагон.