Шест лица убиени при напад во џамија во Квебек
Шест лица се убиени, а деветмина се повредени, откако вооружени мажи отворија оган врз верниците кои се собрале за вечерна молитва во џамија во канадскиот град Квебек.
Претставник на полицијата потврди дека има убиени, но не го прецизираше нивниот број. Тој исто така наведе дека двајца осомничени се задржани.
Според очевидците, цитирани од локалните телевизии, двајца маскирани мажи влегле во зграда околу 19.15 часот по локално време, и отвориле оган, по што избегале. Радио „Си-Би-Си“ јави дека напаѓачите извикувале „Алах акбар“. Полицијата веднаш дошла на местото на настанот и двајцата напаѓачи биле приведени во околината на џамијата.
Канадскиот премиер Џастин Трудо го окарактеризираше нападот како терористички акт.
„Канаѓаните тагуваат за жртвите на подлиот напад во џамијата во Квебек, напиша Трудо на Твитер.
Трудо изрази најискрено сочуство на семејствата и на пријателите на убиените во нападот и посака брзо закрепнување на повредените.
„Различноста е нашата сила, а нашата најдрага вредност е верската толеранција", рече Трюдо во врска со атентатот.
„Канадските муслимани се важен елемент од нашето национално ткиво и вакви безумни активности немаат место во нашите заедници, во нашите градови и во нашата земја", додаде Трудо.
Ново на Сител
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација