Шест лица повредени во сообраќајки во Скопје

Еден мотоцикл се здобил со тешки повреди, а пет лица со лесни повреди во пет сообраќајни незгоди од вкупно 12 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје, полицијата евидентирала 39 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 17 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест почетници.
Од сообраќај се исклучени и пет технички неисправни и 14 нерегистрирани возила. Казнети се и 90 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.
Санкционирани се и тројца пешаци, пет возачи кои поминале на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, шест за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, како и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница. Казнети се и пет возачи на мотор, мопед и мотоцикл за некористење на заштитен шлем, шест возачи за неносење сигурносен појас и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
