Loading Video...
Свет
11. February 2023 - 19:41
Шест кинески компании се најдоа на црната листа на САД
САД на црна листа ставија шест кинески компании поврзани воените програми за воздушно набљудување. Ваквиот потег следува по соборувањето на кинескиот балон за надзор што прелета над САД минатата недела, притоа зголемувајќи ги политичките тензии меѓу двете најголеми економии во светот.
Вашингтон вели дека балонот бил опремен да детектира и да собира разузнавачки сигнали, но Пекинг тврди дека се работи за цивилен балон за метеоролошки истражувања кој случајно навлегол во воздушниот простор на САД.
Вчера американските воени авиони соборија и неидентификуван летечки објект над Алјаска, по наредба на претседателот на САД. Објектот бил со големина на помал автомобил и е соборен во близината на американско-канадската граница.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
