Шест годишно дете потешко повредено во сообраќајка во Тетово

Шест годишно дете од Куманово било потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 18 часот на булеварот Видое Смилевски Бато во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите информации во несреќата автомобил БМВ со швајцарски регистарски таблички управуван од Л.Ф.(26) го удрил детето кое пешки го преминувало булеварот.
-Од ударот детето се здобило со скршеница на десната натколеница и повреди на главата и по укажаната права помош во тетовската клиничка болница било префрлено на скопските клиники каде било задржано за натамошно лекување, рече Јосифовски.
Тетовската полиција по овластување на јавниот обвинител извршила увид на местото од сообраќајката и според првичните информации причина за несреќата е невнимателно преминување на улицата од страна на детето.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
