-->
-->
Шест години од поплавата во Гази Баба што однесе 22 животи
-->
– На денешен ден во 2016 година општина Гази Баба беше зафатена од голема поплава која однесе 22 човечки животи и нанесе големи материјални штети.
По повод шестгодишнината од поплавите, градоначалникот на Гази Баба Бобан Сефковски преку објава на фејсбук порача дека да не се заборават жртвите и изрази благодарност до сите кои помогнаа да се надминат последиците од водената стихија.
-Навршуваат шест години од катастрофалната поплава што ја зафати општина Гази Баба. Дваесет и двајца наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш. Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе се. Кога навидум се беше разрушено се роди новата надеж. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината. Како градоначалник и денес изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата.
Жртвите од поплавата како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од поплавата не смееме никогаш да ги заборавиме, пишува Стефковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа