Шеснаесет турски војници загинаа во напад врз конвој извршен од ПКК
Турската армија денеска соопшти дека 16 турски војници се убиени, а шестмина се повредени при напад врз воен конвој извршен синоќа од припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел од земјата.
Курдските бунтовници активирале експлозивна направа, поставена на патот кај селото Даглеџа, во округот Хакари, кога минувале две оклопни возила, се наведува во армиското соопштение.
ПКК, пак, претходно денеска објави дека нејзините борци убиле 31 турски војник во нападот, по што следеле судири.
Армијата, исто така, соопшти дека турски авиони-ловци денеска бомбардирале 23 позиции на ПКК.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу веднаш остварил контакт во Анкара со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, Хулуси Акар.
Нападот врз воениот конвој во округот Хакари е најсмртоносниот напад извршен од ПКК во последниот период.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево
-
Предизборен карван на СДСМ во Тетово
-
Тема на денот со Дарко Костовски, кандидат за градоналачник на Бутел(ВМРО-ДПМНЕ)
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски повика на обединување на општеството, борба против криминалот и судство еднакво за сите
-
Филипче на средба со Сојузот на борците по повод 11 Октомври
-
Доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело
-
Нов директор на неврологија во понеделник - Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски