Шеснаесет турски војници загинаа во напад врз конвој извршен од ПКК
Турската армија денеска соопшти дека 16 турски војници се убиени, а шестмина се повредени при напад врз воен конвој извршен синоќа од припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел од земјата.
Курдските бунтовници активирале експлозивна направа, поставена на патот кај селото Даглеџа, во округот Хакари, кога минувале две оклопни возила, се наведува во армиското соопштение.
ПКК, пак, претходно денеска објави дека нејзините борци убиле 31 турски војник во нападот, по што следеле судири.
Армијата, исто така, соопшти дека турски авиони-ловци денеска бомбардирале 23 позиции на ПКК.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу веднаш остварил контакт во Анкара со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, Хулуси Акар.
Нападот врз воениот конвој во округот Хакари е најсмртоносниот напад извршен од ПКК во последниот период.
Ново на Сител
-
Продолжува претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници
-
Администрацијата на Трамп ги нарекува градовите предводени од демократите „воени зони“
-
Преку СЕПА, од денеска побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите
-
Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв
-
Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот
-
Денеска облачно со дожд, од утре стабилизација на времето
-
Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство
-
Раст на цената на нафтата