Шерман до Заев: Вие сте доверлив партнер на САД
Премиерот Зоран Заев попладнево оствари работна средба преку видео конференциска врска со заменик-државната секретарката на Стејт Департментот на САД, Венди Шерман, а на кој беа присутни и останатите сојузници како и претставници на НАТО.
На состанокот, соопшти владината прес-служба, беше разгледана моменталната безбедносна состојба во Авганистан и беа утврдени механизмите за евакуација на миротворното население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан.
Премиерот Заев ги информирал сојузниците дека Македонија ги заврши сите неопходни подготовки и ги подготви протоколите со кои Владата во овој момент е подготвена да прифати околу 650 граѓани, локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.
-Заменик-државната секретарката на Стејт Департментот – Шерман отворено ја поздрави заложбата на Македонија како потврден и доверлив партнер на САД во оваа заедничка хуманитарна мисија, стои во соопштението
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани