Шенжен: Плишкова закажа финале со Барти

Каролина Плишкова на крајот имаше повеќе нерви за да ја совлада Симона Халеп со 6:0/2:6/6:4 во последниот меч по групи на ВТА финалето во Шенжен и да постави полуфинале против светската тенисерка број 1, Ешли Барти.
Плишкова покажа апсолутна доминација во првиот сет против шампионката од Вимблдон, освојувајќи го за само 20 минути, но Халеп, како и секогаш, не се предаде и направи брејк во првиот гем од вториот сет за да израмни. 28-годишната Романка потоа ја презеде контролата и поведе со 2:0, но Плишкова успеа да се врати и да направи два брејка за 5:3 водство. Тука не беше крајот, откако Халеп направи уште еден брејк за 5:4, пред Плишкова конечно да го реши мечот.
„Беше навистина чудно – прво водев со сет, потоа губев со сет и брејк и на крајот бев среќна што успеав да ја победам. Имав среќа“, вели Плишкова.
Претходно, актуелната шампионка, Елина Свитолина го потврди своето место во полуфиналето со 7:5/7:6(10) победа над замената Софија Кенин, за да обезбеди дуел со Швајцарката Белинда Бенчич во полуфиналето.
Ново на Сител
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
-

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
-

Приведени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола
-

Мицкоски: Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка
-

Приведени три лица, а вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
-

Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството
-

Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови
