-->
-->
Шелинг: Растот на трошоците за бегалците ги загрозува плановите за буџетот на некои земји во ЕУ
-->
Растечките трошоци за згрижувањето на бегалците би можеле да ги загрозат буџетските планови на некои европски влади, така што Брисел би требало да размисли за исклучоци поради тие трошоци во однос на прописите на ЕУ за дефицит, изјави австрискиот министер за финансии Ханс Јерг Шелинг во денешното интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.
- Краткорочните трошоци се високи, но предвидливи. Покритично е прашањето за долгорочните ефекти (врз буџетот), нагласи Шелинг.
Тој истакна дека многу бегалци ќе останат во Европа, што значи дека владите би требало да размислуваат за изградба на куќи и станови.
- Се сомневам дека буџетите, кои сега се во план ќе бидат доволни, нагласи Шелинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен