Шеќеринска: На 11 декември да се гласа за институции отворени за граѓаните

Носителот на изборната единица 5 од коалицијата што ја предводи СДСМ, Радмила Шеќеринска од Битола најави реформи во државните институции ослободени од партиски притисоци и во служба на граѓаните.
Според Шеќеринска, државните институции мора да работат во служба на граѓаните, да бидат отворени кон сите граѓани и да работат на решавањето на нивните проблеми.
Посочи дека нема да има привилегирани поединци кои со помош на партиските шефови во администрацијата ја злоупотребуваат администрацијата, вршат притисок врз вработените и спречуваат каква било помош на оние на кои помошта им е најпотребна.
- Ќе ги ослободиме вработените од партиските стеги, од партиските притисоци, никој во администрацијата нема да биде отпуштен но секој ќе мора да ги почитува законите и да работи во служба на граѓаните. Ќе воведеме двосменско работење во клучните институции за да ги направиме отворени кон сите граѓани до 20 часот. На тој начин, секој во администрацијата чесно ќе го спечали својот леб, чесно ќе ја спечали својата плата, рече Шеќеринска на првиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори.
Таа повика на 11 декември да се гласа за институции отворени за граѓаните, институции посветени на својата татковина и проблемите на сите нејзини граѓани.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
