Шекеринска во заедничка посета на Летонија со министрите за одбрана на Црна Гора и Словенија
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во еднодневна работна посета на Летонија, заедно со министрите за одбрана на Словенија, Матеј Тонин и на Црна Гора, Оливера Ињац.
Домаќин ќе им биде заменик премиерот и министер за одбрана на Летонија, Артикс Пабрикс.
Како што соопшти Министерството за одбрана, заедничката посета на тројца министри за одбрана испраќа моќна порака на силно регионално сојузништво, доверба и планови за уште поинтензивна соработка.
Шекеринска ќе го договара можното вклучување на Македонија кон НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“, во борбената група чиј домаќин е Летонија, под командна палка на Канада, a во рамките на словенечкиот контингент.
Министрите ќе имаат брифинг со командантите на Механизираната бригада на копнените сили на Летонија Сандрис Гаугерс, и на Канадските наменски сили Жан-Франсоа Чауден, а ќе извршат и обиколка на базата на мисијата и седиштето на словенечкиот контингент.
Заедничката посета на Летонија е уште еден чекор во духот на зајакнување на регионалната одбранбена соработка меѓу Македонија, Црна Гора и Словенија, која особено се интензивираше по членството на нашата земја во НАТО, стои во соопштението на Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
