-->
-->
Шекеринска во Софија: Македонија и Бугарија пример за добрососедство
-->

Македонија и Бугарија се пример за добрососедство и соработка што ја зацврстува безбедноста на целиот регион. Бугарија недвосмислено ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и ќе помогне во остварувањето на стратешките цели на Македонија, било речено на средбите на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во Софија.
Официјалната посета на Бугарија министерката Шекеринска, како што информираат од Министерството за одбрана, ја почна со средба со бугарскиот премиер Борисов кој истакнал дека со преземањето на претседателствувањето со Европската унија, Бугарија ќе и ја пружи сета поддршка на Република Македонија во нејзиниот евро-интегративен процес.
На средбата во бугарското МО, министрите Шекеринска и Каракачанов изразиле задоволство од продлабочувањето на соработката во одбраната.
Министерката Шекеринска истакнала дека последните месеци покажале оти постои силна политичка волја за конкретна соработка, реални позитивни и пријателски односи меѓу двете земји, и една нова клима на соработка.
- Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија ги интензивираше контактите во сите области. Ние сме особено задоволни бидејќи како две пријателски земји преземавме чекори за издигнување на одбранбената соработка на едно повисоко ниво, рече таа.
Изрази очекување дека во следниот период ќе се дефинираат конкретни активности во доменот на соработката на двете армии, со фокус на заедничката обука на специјалните сили.
Министерката посочила и дека претстојната седницата меѓу двете влади во Струмица ќе покаже оти соработката се продлабочува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ