Шекеринска: Словенечките пожарникари пристигнаа во Берово
Пристигнаа словенечките пожарникари и веќе се во Берово од каде ќе бидат распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионот, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот профил на Фејсбук.
Во земјава се пристигнати 16 противпижарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гасењето на пожарите.
Помошта од Словенија се реализира по телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.
– Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро“, и напишал министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја, соопштија од Министертсвото за одбрана.
Шекеринска на Фејсбук напиша дека се зголемува ангажманот на Армијата во регионот на Делчево и Пехчево – 400 припадници на Армијата во моментов го гаснат пожарот во кај селата Истевник, Робово и Умлена.
– Армиските хеликоптери таму исфрлија 56 тони вода, а вкупно досега со над 100 лета исфрлени се 200 тони вода на сите кризни подрачја зафатени од пожари, секаде каде што ЦУК побара реакција. Армијата безрезервно се ангажира во справувањето со пожарите од терен и од воздух, објави министерката Шекеринска.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија