Шекеринска: Шугата не потекнува од касарната во Велес, туку од лице кое почнало да служи воен рок
Апсолутно е неточно дека болеста шуга потекнува од касарната во Велес. Болеста потекнува од едно лице кое почнало пред две или три недели доброволно да го служи воениот рок. Тоа не е нешто кое треба да не вознемири, бидејќи апсолутно е неточно дека касарната не функционира. Напротив војникот кој бил регистриран дека ја има одредената болест е испратен дома и уште двајца војници се на надгледување.
Ова денеска го истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Воено медицинскиот центар.
– Дефинитивно се работи за војник на доброволно служење војска кој со соодветната здравствена состојба почнал да го служи воениот рок, меѓутоа поради одредениот период на присуство на болеста која не може да биде регистрирана од страна на здравствените органи, бил таму. Имаме осум илјади војска и се разбира дека тој систем функционира и болести имало и ќе има. Тоа е природен дел од работата која ја имаме. Болести има и во нашето образование, здравство и во нашата Армија, додаде министерката Шекеринска.
Ново на Сител
-
Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата
-
Северна Кореја тестира стратешки крстосувачки ракети море-земја
-
САД не ја прекинаа воената помош за Украина, рече Зеленски
-
„Немам кислород“ – низа протести во Грција за железничката несреќа кај Темпи по новите докази објавени во медиумите
-
Најмалку 70 загинати во напад врз болница во Судан
-
Променливо облачно со сончеви периоди, во среда повремени врнежи од дожд
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале