Шекеринска: Парите од МО за референдумот се одвоени од средствата за поддршка на НАТО
Ниту еден денар од парите наменети за Армијата на Република Македонија не е опфатен со измената, односно со одвоените 60 милиони денари од Минстерството за одбрана за кампања за референдумот, одговори денеска министерката Радмила Шекеринска на обвинувањата на Синдикатот на одбраната за наводно „скратени пари“ од МО и АРМ.
-Се работи за средстава кои беа насочени кон активност во поддршка во нашите НАТО интеграција, но кои не беа во делот на логистика нуту потреби на Армијата на Република Македонија, истакна Шекеринска и додаде дека нечесно е други луѓе да ги врзуваат едното со другото.
Таа ги коментираше и обвинувањата дека состојбата во Армијата не е, како што рече, розева, но нагласи дека тоа е резултата на 10-годишното занемарување и неинвестирање во АРМ.
-Најавената набавка на инженериски машини и неборбени возила кои почнаа во август, е најдобар демант дека ниту еден денар од парите наменети за АРМ нема да биде потрошен за други намени, истакна министерката Шекеринска.
Таа ги демантираше и обвинувањата дека Министерсвото нема обезбедено превоз за војниците кои патуваат до своите работни места и дека не им се исплаќаат ноќните дежурства. Појасни дека од 45 релации дефинирани од Генералшатабот за превоз на војниците само за пет не се поминати јавните набавки, бидејќи била понудена поголема сума од онаа која ја била одредена од ГШ на АРМ. Министерката информираше дека од први јули оваа година е променет и правилникот кој повеќе години на војниците не им овозможувал да добијата парични средства за ноќниот труд, туку добивале слободни денови. Сега, како што рече Шекеринска, за секој припадник на АРМ кој ќе се упати на повеќе од едно-дневно дежурство, ќе му се исплати дневница и нема да добие слободен ден.
Ново на Сител
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала