Шекеринска панелист на Глобалниот форум на жените – политички лидери во Минхен
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Минхен учествуваше на панел на тема „Новите закани бараат ново лидерство: Утврдување на глобалната безбедносна агенда од перспектива на жените“, организиран од Глобалниот форум на жените – политички лидери. Панелот се организираше во пресрет на Минхенската безбедносна конференција што почнува денеска.
Панелот, како што соопшти Министерството за одбрана, фокусот го стави врз прашањата поврзани со безбедносната политика, новите закани, социјалната кохезија во безбедносните дебати, и на тоа кои се главните приоритети на безбедносните политики и како жените-политичари можат да дадат една нова перспектива во менаџирањето со заканите.
Говорејќи за безбедносните мерки и новите закани, Шекеринска рече дека денес заканите не мора да се во униформа, туку дека тие се манифестираат со ерозија на главните принципи и вредности. Додаде и дека новата влада прави сè што е во нејзина моќ да ја врати Македонија на патот кон демократските вредности, слободите и просперитетот.
Говорнички на овој панел покрај министерката Шекеринска беа и бароницата Кетрин Ештон, поранешна висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Џенифер Морган, извршен директор на Гринпис Интернационал, Патрициа Флор, генерален директор за Меѓународниот ред, Обединетите Нации и контролата на вооружувањето во германската федерална канцеларија за надворешни работи и Џули Лин Теигланд, регионален менаџер на „Ернст и Јанг“ за Германија, Швајцарија и Австрија.
Ново на Сител
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
-
Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел