Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката

Идната заменик генерална секретарка на НАТО Радмила Шекеринска денеска на пладне одржа прием по повод изборот на втората највисока позиција во Алијансата. На приемот присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, американската амбасадорка Анџела Агелер, амбасадори од речиси сите земји членки на НАТО, поранешни и актуелни политичари, новинари и експерти од невладиниот сектор.
Шекеринска во својот говор им се заблагодари на сите политички чинители за поддршката на нејзината кандидатура. Ги изрази своите заложби за нејзиното идно дејствување и оцени дека нејзиниот избор е успех за целата држава која пред само 4 години стана земја членка а сега има свој претставник во највисокото раководство на Алијансата.
"Секој сам сме губитници а заедно сме посилни", рече во говорот во кој повика на обединување околу заедничките цели.
Шекеринска со овој избор е највисоко позициониран политичар од земјава на меѓународната сцена.
Ново на Сител
-

Во Клиниката во Козле хоспитализирани 60 деца со респираторни инфекции
-

Јаневска: Проблемот со петките во Македонија е сериозен
-

Традиционалната книга не изумира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Тема на денот со Протојереј-ставрофор Зоран И. Стојанов, декан на деканатот Св. Кирил и Методиј(Католичка Црква)
-

Поплави во општина Чешиново-Облешево
-

Филипче ќе го разреши и Илиевски од потпретседател на СДСМ, Спасовски останува координатор
-

СДСМ: Власта направи хаос во ПИОМ
