Шекеринска: Не ја занемаруваме опасноста од радикализирани структури и подготвени сме веднаш да реагираме
Во овој момент нема причини за загриженост од присуството на невладини организации во земјава поврзани со Иран, бидејќи Македонија не им е точка на интерес, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека нашите дипломатски односи со Иран се многу скромни, но не се толку комплицирани како нивното отворено прашање со Албанија.
Сепак, потенцира таа, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, никогаш не смееме да ја елиминираме опасноста од радикализирани исламистички структури кои се враќаат од тамошните фронтови. И земјва и целиов регион, светот, нагласи Шекеринска, живее со опасноста од тероризам.
– Ако во еден момент помислите дека тоа им се случува на некои други ќе се разбудите шокирани и непријатно изненадени, бидејќи светот живее под притисок од тероризмот. Кај нас е специфично бидејќи сме поблиску и поради овие присуства и влијанија во целиот регион. Затоа и работиме на програми на ресоцијализација и менаџирање на сите тие повратници, но акцијата на нашето МВР во 2018 докажа дека ситуацијата се следи, се реагира секој пат кога постои било каква опасност, изјави Шекеринска.
Таа информира дека најголем дел од земјите не ги повлекоа војниците од Ирак, туку ги преместиле во Кувајт, со план дека тоа е само времено.
– Мисијата во Ирак е важна мисија, но таа не е борбена. По нападот и убиството на иранскиот генерал имаше дебата и во нивниот Парламент. Присуството на НАТО во целиот регион е резултат на кризата, изјави министерката Шекеринска во гостувањето на Слободна ТВ.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки