Шекеринска на Денот за високи гости на вежбата „Saber Guardian 17“ во Романија

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре ќе присуствува во Романија, на дводневните активности за високи гости на вежбата „Saber Guardian 17“, чиј дел се 71 припадник на Армијата на Република Македонија, од кои 57 се распоредени во Романија, а 14 во Унгарија.
Во рамки на престојот во Романија, министерката Шекеринска ќе оствари и средба со министерот за национална одбрана на Романија, Адриан Тутуиану, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана.
Заедно со министерката Шекеринска, во Романија ќе престојува и делегација од Министерството и АРМ, во чиј состав е и командантот на Првата механизирана пешадиска бригада, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на баталјонот на Воената полиција, потполковникот Васко Коколански.
Вежбата „Saber Guardian 2017“се одржува во периодот од 23 јуни до 26 јули во Романија, Унгарија и Бугарија, а вклучува над 25.000 припадници на вооружените сили од над 20-тина земји на НАТО и земји-партнери и претставува најголема вежба во Црноморскиот регион оваа година. Вежбата е организирана и предводена од Армијата на САД во Европа.
Република Македонија во оваа вежба учествува со 71 припадник. Дел од оваа вежба се припадници на инженерскиот баталјон, Воената полиција, Баталјонот за специјални намени и Балканските медицински наменски сили.
При неодамнешното испраќање на припадниците на Армијата на оваа меѓународна вежба, министерката Шекеринска посочи дека таа претставува можност да се покаже дека македонската армија и нејзините припадници навистина можат да учествуваат заедно со земјите-членки на НАТО и земјите-партнери во сериозни и комплексни вежбовни активности.
Учеството на вежбата ќе ја зголеми подготвеноста на АРМ и нејзината интероперабилност со земјите-членки на НАТО и партнерите и претставува можност за извежбување на вооружените сили на земјите-учеснички во смисла на зајакнување на подготвеноста и подобрување на интероперабилноста под заедничка команда, извршувајќи целосен спектар на воени мисии, а во насока на поддршка на безбедноста и стабилноста на Црноморскиот регион.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
-

Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
