Шекеринска: Минимална плата од 16.000 денари и пензија за сите
Зголемување на минималната плата на 16 илјади денари и пензија за сите над 65 години, вети Радмила Шекеринска потпретседател на СДСМ и носител на листа на Колаицијата „За живот во Македонија“ во ИЕ5 на денешната средба со жителите на Мешеишта.
- Во нашиот „План за живот во Македонија“ предвидуваме зголемување на минималната плата за сите работници низ целата држава до износ од 16.000 денари. Со порастот на минималната плата ќе помогнеме и на просечната плата во Македонија да порасне до 30.000 денари, за семејствата да можат да ги платат сметките, за да можат да обезбедат пристоен живот, рече таа.
Додаде дека за сите во Република Македонија коишто имаат над 65 години ќе воведат државна социјална пензија којашто ќе им обезбеди сигурен живот.
- Во Република Македонија живеат и многу возрасни лица коишто се оставени на цедило и коишто немаат никаква поддршка од државата и коишто од различни причини не оствариле право на пензија. Особено голем е бројот на возрасни жени коишто цел живот работеле, работеле на нива, работеле дома, но останале без никаква социјална поддршка. Државната социјална пензија ќе изнесува 40 проценти од просечната пензија и ќе обезбеди пари плус во секое семејство, истакна Шекеринска.
Истакна дека жителите на целата Дебрца, пред кои денеска го претставувале „Планот за живот во Македонија“ имале иста порака дека, како што рече, од ВМРО ДПМНЕ имале шанси во изминативе 10 години да го подобрат животот на сите граѓани, тоа не го сториле.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска