Шекеринска денеска во Охрид на разговори со словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин
Министерот за одбрана и заменик премиер на Словенија Матеј Тонин вечерва ќе допатува во официјална посета на Македонија, на која домаќин е министерката Радмила Шекеринска.
Како што соопшти Министерството за одбрана, во рамки на посетата министрите утре во Охрид ќе имаат средба и билатерални разговори на ниво на делегации, и потпишување на Договор за донација.
По билатералните разговори се предвидени изјави за медиуми.
Од Охрид, министерката Шекеринска и нејзиниот словенечки колега ќе заминат за Берово, каде што ќе имаат средба со градоначалникот Звонко Пекевски кој од името на граѓаните на беровскиот регион ќе му врачи на словенечкиот министер Плакета за Здружените сили на цивилна заштита на Словенија, во знак на благодарност за брзата реакција во справувањето со шумските пожари.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?