Шеик Омрад: Никабот претставува израз на верски фанатизам
Шеикот Халед Омрад, главниот секретар на Советот за фатва при Универзитетот „Ал-Азхар“ во Каиро, чии упатства се сметаат за општоважечки за сите сунитски муслимани, вели дека муслиманките, според Шеријатот, не мораат да го покриваат лицето и дека носењето никаб претставува израз на верски фанатизам.
Тој, во изјавата за „Дојче веле“, истакна дека шеријатскиот закон, кога станува збор за облеката на жените, пропишува само три работи, парчињата облека не смеат да ја истакнуваат линијата на телото, не смеат да го откриваат телото и не смеат да бидат припиени на него.
Според неговите зборови, облеката не треба да ги покрива рацете, ниту лицето.
- Кога станува збор за велот кој целосно го покрива лицето, таканаречениот никаб, ниту Куранот, ниту суната не ги обврзуваат жените да го носат. Затоа велиме дека никабот е традиција, обичај кој потекнува од некои земји, кој таму се врежал, но тоа не стои во шиитските права, објасни шеикот Омрад.
Тој нагласи дека само жените на пророкот Мухамед морале да го покриваат лицето.
- Тоа било исклучок кој важел пред 1.400 години, вели шеикот Омрад и истакнува дека тоа не е никакво оправдување за копирањето.
- Исклучокот важи само за жените на пророкот. Ако шеитското право вели дека ова посебно правило, да се покрива лицето, важи само за пророкот и неговите жени, тогаш другите муслимански жени тоа не смеат да го користат за оправдување на ова имитирање. Станува збор само за пророкот, изјави шеикот.
Тој напомена дека жената која пораснала во општество во кое е вообичаено носењето никаб, има право од верски аспект сама да одлучи дали ќе го носи или не.
- Но на тоа не смее да гледа како на верски чин, бидејќи тогаш тоа би било проблем. Постојат повеќе различни мислења за никабот кога станува збор за безбедноста и заштитата на жените. Едни велат дека тој ги штити, други велат: Не, тоа е верски фанатизам. Некои од нив велат дека никабот е само измислица која во нивната вера воопшто ја нема, и дека тој не е дозволен ниту за жените, ниту за мажите, додаде Омрад.
Тој укажува дека постојат делови во светот, како на пример пустините, каде е тоа во одредени околности дозволено бидејќи ги штити од одредени работи како што е песочната бура.
- Во другите случаи никабот е израз на верски фанатизам кој не може да се прифати, заклучи Омрад за „Дојче веле“.
Тој истакна и дека кога никабот нанесува штета во некое општетство и служи како маска за изведување на терористички напади, тогаш треба да се забрани.
Ново на Сител
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово