Шефот на Пентагон во посета на Израел

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави денеска дека не очекува дека ќе ги убеди израелските лидери да го променат ставот за нуклеарниот договор со Иран, како и дека договорот не ги ограничува можностите на Вашингтон да гарантира безбедност на Израел и арапските сојузници.
- Нашата способност да спроведеме одбранбена стратегија е непроменета, изјави Картер во авион на пат за Тел Авив, каде денеска ќе се сретне со израелскиот министер за одбрана Моше Јалон, а утре со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Картер истакна дека Вашингтон се уште има право да употреби воена сила против Иран, ако тоа биде неопходно, но дека целта на договорот е тоа да се спречи со дипломатско решавање на проблемот.
- Нема да се обидам да променам нeчие мислење за Израел. Можеме да се согласиме дека не се согласуваме, истакна тој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
