Шчербак: Одлука наметната од надвор не може да ја реши кризата
Руската Федерација е убедена дека граѓаните во Македонија имаат долга историја и висока култура и може самите да решаваат како сакаат да живеат во својата држава. Само одлуката на граѓаните на Македонија може да придонесе за долгорочно разрешување на кризата и никаква наметната одлука од надвор не може да обезбеди стабилна држава и затоа треба самите да решавате за себе.
Ова го изјави денеска Олег Шчербак, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија по одбележувањето на Денот на руската дипломатија во Битола на новинарско прашање дали западот се меша во внатрешните работи на Република Македонија.
Тој истакна дека руската дипломатија својата надворешна политика ја гради врз темелите на меѓународното право, а клучен принцип на меѓународното право е, вели, немешањето во внатрешните работи на други држави.
- Без строго почитување на тој принцип, во современиот свет не е можно да се почитуваат другите принципи, а тоа се принципот на сувереноста и независноста на други држави. Русија е една од првите што ја признаа Република Македонија под уставното име, ја смета за суверена и независна држава и е против други држави што го прекршуваат овој темелен принцип на меѓународното право, изјави Шчербак.
Ново на Сител
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка