Шарли Ебдо: “Една година подоцна, убиецот е сé уште на слобода”
На првата страница на најновото издание на Шарли Ебдо, кое е отпечатоно во еден милион примероци на годишнината од масакрот на редакцијата на весникот, се гледа на црно белата карикатура Господ со брада и вооружен со Калашников и само крвта на неговата облека е црвена со забелешка - “Една година подоцна, убиецот е сé уште на слобода”.
Нападот пред година на 7 јануари ја десеткува редакцијата на сатиричниот весник и ја промени судбината на францускиот сатиричен неделник. Во нападот врз редакцијата загинаа дванаесет лица од кои осум новинари, обвинети за непочитување на исламската религија, поради објавените карикатури на исламскиот пророк Мухамед.
Бројот излегува во тираж од околу еден милион примероци. Десетици илјади заминуваат за странство. Внатре се цртежи на убиените карикатуристи Кабу, Волински, Шарб, Тинју, Оноре, како и гостите, меѓу кои е францускиот министер за култура Флор Пелрен ѕвезди како Изабел Аџани, Шарлот Гансбур, Жулиет Бинош, Ибрахим Маалуф, Русел Банкс, Елизабет Бадинер, интелектуалци, музичари.
Карикатурата на насловната страна е потпишана од главниот уредник на весникот, Рис, кој беше тешко ранет при нападот на џихадистите. Рис притоа потпишува лут-остар едиторијал, застанувајќи во одбрана на секуларизмот и против " фанатиците кои се затпулие од Коранот" и оние " со благословени задници од другите религии" кои ја сакале смртта на весник поради тоа што "се осмели да се смее со религиозните лица." "Убедувањата на атеистите и световните луѓе можат да поместат повеќе планини од верата на верници", пишува тој.
"Во 2006 година, кога Шарли ги објави карикатурите на Мухамед, никој сериозно не мислеше дека еден ден сето тоа ќе заврши со насилство [...]Ја гледавме Франција како секуларна остров, каде што беше можно да се забавуваме, да се смееме, без да се грижиме за догмите ", вели Рис. "Од тогаш, многу се надеваа дека еден ден некој ќе дојде и ќе не намести..... Да, многу се надева дека ќе бидеме убиени. УБИ-ЕНИ“ - подвлекува каркатуристот.
"На крајот на секоја година, ние се восхитувавме што се уште сме живи", се сеќава Рис.
Карикатуристот тогаш се сеќава на утрото од 7 јануари 2015 година, а поконкретно на моментот кога браќата Куачи влегуват во редакцијата.
"Тоа утро, по заглушувачка бучава од шеесете истрели за три минути, огромна тишина ја исполнета просторијата." "Се надевав дека ќе ги слушнам жалбите, стенкањата . Но, не, ниту еден звук. Тишината ме натера да сфататм дека тие се мртви."
"Како да се прави весник по сето тоа?", се запрашува уредникот.
"Нема два маскирани идиоти да ја растурат работата на нашите животи", вели тој. "Тие нема да видат дека Шарли цркнува... Тој ќе ги види како тие цркнуваат“ – завршува уводникот на Рис.
Една недела по нападот весникот издаде “број на преживеаните”, кој беше продаден во тираж од 7,5 милиони во Франција и во светот. Една година подоцна сатиричен неделник ужива голема побарувачка во земји како Германија, каде дистрибутерите побарале 50 илјади парчиња.Во моментов тираж е 100 илјади копии за слободна продажба, вклучувајќи 10 илјади надвор од Франција. Претплатниците се 183 илјади. Новиот број излегува в среда, 6 јануари.
Ново на Сител
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години