Шарл Мишел предлага создавање Совет за безбедност на ЕУ по моделот на ОН
Поранешниот претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел предлага создавање на Совет за безбедност на ЕУ, во чија надлежност би биле одлуки поврзани со одбраната на Унијата.
Во колумна во францускиот весник „Експрес“, Мишел наведува дека тоа тело би требало да функционира по моделот Советот за безбедност на Обединетите нации со постојани и ротирачки непостојани членови и би можело да послужи како основа за создавање на идна европска кибер армија.
– Седумдесет и пет години по Шумановата декларација, предизвиците, и (европските) внатрешни и глобалните, создаваат колаж од сложеност каква што немало од крајот на Втората светска војна – климатска криза, трансформација на генеративната вештачка интелигенција и брутално доведување во прашање на глобалниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите нации, додава Мишел во текстот.
Според него, сите овие предизвици ја доведуваат денешната генерација пред потребата од носење храбри и неопходни одлуки со што ќе и се даде нов импулс на Европската унија и ќе се почитуваат заложбите за демократија, мир и просперитет.
– Зајакнувањето на суверенитетот и отпорноста на Европската Унија мора да биде опсесија на нашата генерација. Нашиот најдобар компас за тоа е Стратешката агенда, усвоена од 27-те шефови на држави или влади (на членките на ЕУ) во јуни 2024 година, истакнува Мишел.
Тој во колумната потенцира и дека ЕУ мора под итно да ја зајакне својата конкурентност и да го ослободи иновативниот потенцијал на блокот, преку за поедноставување и елиминирање на бариерите на внатрешниот европски пазар.
– Ни треба паметна регулатива, и европска и национална, што ќе обезбедува стабилна и предвидлива рамка за нашите бизниси и ќе воспостави еднакви правила на игра. Денес, нашите сложени и прецизни регулативи го задушуваат духот на иновациите и претприемништвото и стануваат контрапродуктивни, заклучува Мишел.
Покрај, споменатите Совет за безбедност и кибер армија, Мишел предлага и создавање на Фонд за сувереноста на ЕУ, како и измени во начинот на носење одлуки во блокот, преку промена на правилата за користење на правото на вето.
МИА
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?