Шарец: Треба да се запрашаме дали сакаме Словенија на Орбан или наша суверена Словенија
Словенечкиот премиер во оставка Маријан Шарец, на социјалните мрежи коментирајќи ги актуелните случувања во земјата порача сите треба да се запрашаат дали сакаат, како што напиша Словенија на Орбан или пак суверена Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Овој став Шарец го изнесе по пишувањата на словенечките медиуми за наводниот начинот на кој се финансира партијата на Јанез Јанша СДС (Словенечка демократска партија) и медиумите блиски до нив.
Тој апелираше сите политички чинители наместо да разговараат кој каква позиција ќе добие и кој во кое Министерство ќе влезе, да се запрашат за кого ќе работи Владата.
– На кого таа влада ќе биде подредена ако медиумите блиски до СДС (ниту од СДС не го демантираат тоа) се финансираат од Унгарија? – напиша Шарец.
Премиерот во оставка обвини повеќе политичари дека наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните тие повеќе работат да си обезбедат подобри позиции за нив.
Инаку, вчера лидерот на СДС, Јанез Јанша изјави дека е задоволен како се одвиваат преговорите за состав на ново мнозинство, а со тоа и нова Влада. Пред новинарите изјави дека имаат слични погледи со можните идни коалициони партнер, за приоритетите на Словенија и кои проблеми би требала да ги решава идната Влада под негово раководство.
Шарец од друга страна инсистира на предвремени парламентарни избори со цел да се формира нова стабилна Влада.
Редовните парламентарни избори се за две и пол години.
Ново на Сител
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам