-->
-->
Шарапова се повлече од УС Опен
-->
Руската тенисерка, Марија Шарапова, поради повреда на ногата се повлече од годинешното издание на Отвореното првенство на САД.
Шарапова, која на УС Опен беше постaвена за трета носителка нема настапено на ниту еден турнир уште од Вомблдон.
„За жал нема да можам да се натпреварувам на УС Опен оваа година. Се обидов да се рехабилитирам, но немав доволно време. Ќе се вратам на терените за азиската турнеја“, напиша Шарапова на социјалните мрежи.
Местото на Шарапова ќе го пополни нејзината сонародничка Дарја Касаткина, која во првото коло ќе игра против Дарја Гаврилова.
Последниот Грен слем во сезоната ќе започне в понеделник, а титулата во женска конкуренција ќе ја брани Серена Вилијамс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување