Шапуриќ-Тимоние: Интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Франција

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните компании Зоран Шапуриќ денеска оствари средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние со кого разговараше за политичката состојба во државата и за интензивирање на економската соработка меѓу двете држави
Од Кабинетот на министерот соопштија дека францускиот амбасадор изразил задоволство од напорите на Владата за интензивирање на напорите за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО. Констатирано е дека политичката клима во државата е многу подобрена што ќе придонесе и за подобрување на бизнис климата.
Францускиот амбасадор покажал посебен интерес за владините мерки за поттикнување на инвестиции за домашните и за странските компании и изразил задоволство од активностите на Владата за ратификација на Парискиот договор за климатки промени, како и за определбата на Министерство за животна средина и просторно планирање да го поддржат градот Скопје во изградбата на пречистителна станица.
Од страна на министерот Шапуриќ изразена е благодарност за француската помош во изработката на техничката документација за оваа пречистителна станица.
Соговорниците констатирале дека меѓу двете држави има добра соработка во областа на културата и политиката, но оти економската соработка е на незадоволително ниво поради што францускиот амбасадор се заложил да се преземат чекори со кои ќе се поврзат македонските и француските компании преку организирање на бизнис форуми и посета на француските фирми во Македонија
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
