Фудбал
1. August 2017 - 14:23

Шампионските пехари на УЕФА претставени во Тетово

 
 
 Претставници на Фудбалската федерација на Македонија предводени од генералниот секретар Филип Поповски и заменикот генерален секретар Енвер Сулејмани денеска присуствуваа на претставувањето на трите шампиониски пехари од клубските натпреварувања што се во организација на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) - Лигата на Шампиони, Европската лига и Суперкупот.
 
Во организацијата на настанот учествуваа и канцеларијата на општинскиот фудбалски сојуз од Тетово и локалната власт. Настанот се организира во пресрет на натпреварот од Суперкупот што на 8 август ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ или Телеком арена во Скопје помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед  како годинашни победници на Лигата на шампиони и Европската лига.
 
На фудбалското игралиште на спортскиот центар во Тетово денеска присутвуваа многу деца од подмладоците и сите малдински категории на побвеќе фудбалски клубови од регионот.
 
- Пехарите ќе поминат низ цела Македонија за да им се овозможи на сите фудбалски вљубеници да ги видат и да се сликаат со овие три пехари. Сметам дека ова е навистина добра можност за децата, младите, но и останатите одблизу да ги видат овие пехари и на еден своевиден начин да се мотивираат за постигнување на врвни спорстки и фудбалски резултати, рече заменик генералниот секретар на ФФМ Енвер Сулејмани.
 
Според програмата, трите пехари на УЕФА днеска ќе бидат поставени и во Охрид