Кошарка
9. јуни 2017 - 9:35

Шампионскиот пехар за Феникс 2010

Кадетската екипа на КК Феникс 2010 од Скопје ја освои шампионската титула во првенството за играчи до 14 години. Во финалето синоќа Феникс го победи тимот на Партизан Водно Санс со 75:59. Решавачката предност победникот на направи во вториот период кога имаше серија од 14:0.
Најефикасен на дуелот беше Андреј Митревски со 20 поени. 
Во „малото финале“ МЗТ Скопје Аеродром го совлада Вардар со 78:74.
Попладнево во малата сала „Кале“ се играат полуфиналните натпревари за кошаркари до 16 години: Феникс – Партизан Водно Санс (генерација 2002) и Вардар – Партизан Водно Санс (генерација 2001).