Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите
Вкупно 79,5 милиони евра за мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен биле исплатени во изминатите три месеци. Во исто време одобрени биле 639 кредити за македонски омпании кои вработуваат 11325 лица, објави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на својот фејсбук профил.
Во време кое налагаше итна реакција, пишува Шахпаска, Владата презема првично соодветни мерки за справување со негативните ефекти од светската криза.
-Првите два пакети го амортизираа првиот удар од економската криза предизвикана од коронавирусот.
Третиот пакет обезбеди заштита на постојните и креирање нови работни места, особено во секторите во кои ќе се имплементира дигитализацијата и возможи зголемена конкурентност на нашите компании на домашно, регионално и глобално ниво, напиша министерката.
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа