Шахпаска пред ЕСС го презентира предлог – законот за недела неработен ден
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска пред членовите на Економско-социјалниот совет ја презентираше последната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за неделен одмор, соопштија од МТСП.
Последното предлог законско решение резултираше после широка дебата во општеството, со синдикатите, со претставниците на коморите, на работодавачите, но и после сеопфатната дебата што се одвиваше во јавноста воопшто.
За работната верзија на предложеното законско решение покрај вицепремиерот Фатмир Битиќи и членовите на ЕСС, свое мислење дадоа и претставници од Државниот инспекторат за труд.
Министерката Шахпаска објасни дека во ова решение се сублимирани повеќето од забелешките што изминатиот период ги дадоа претставници и на работниците и на работодавачаите.
– Наша задача е да дојдеме до предлог-закон кој ќе биде прифатлив за сите страни што се дел од социјалниот дијалог. Сметам дека документот за кој дискутираме денеска овозможува најголемиот дел од работниците неделата да ја користат за одмор и за семејството. Секако дека работниците коишто работат во дејности во кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине, поради техничко-технолошки процес и потребата од континуитет, како ден за одмор може користат и друг ден од неделата. Начелно има согласност за носење на вакво законско решение и сите засегнати страни имаат позитивен пристап, нагласи министерката Шахпаска.
Таа изрази уверување дека преку конструктивна дебата со социјалните партнери ќе се дојде до најдоброто законско решение, со што ќе ја оствариме суштинската цел недела да биде – ден за неделен одмор, односно ден за семејството.
Членовите на Економско-социјалниот совет дискутираа и за тоа дали со исклучоците се опфатени сите дејности кои што не можат да го прекинат работниот процес, бидејќи одредени сектори мора непречено да функционираат.
Членовите на ЕСС постигнаа договор дека на следниот состанок, кој би требало да се одржи во наредните денови, да се решат уште неколку дилеми кои произлегоа од денешната дискусија.
Ново на Сител
-
Најмалку 57 лица починаа во Газа од неисхранетост
-
Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија прогласи победа на парламентарните избори
-
Исплатени 49 658 739 денари поддршка на 761 оризопроизводител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами