СГИП: Градежниците да не работат на отворено од 11 до 17 часот

Заради најавите за виски температури во наредниот период Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на РМ – СГИП бара работниците да не се изложуваат работниците на отворено, под директно зрачење на сонце, во периодот од 11 до 17 часот, повозрасните лица, бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работни обврски, како и спороведување проверка на техничко-технолошки колективни мерки за заштита, со адекватна вентилација и по можност климатизација.
Барањето за превентивни мерки при високи температури, како што информираат од Синдикатот го доставиле до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд и Организацијата на работодавачи.
Оттаму велат дека барањето за превентивните мерки ги доставиле согласно временската прогноза која предвидува топлински бран од повисок ранг, со особено високи температури, до 40˚С, во период од 2 до 5 јули.
-Согласно Акциониот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз населението и мерките за Безбедност и здравје при работа, укажуваме дека работодавачите од целата држава треба да ги почитуваат општите препораки за заштита на работниците од високите температури како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11-17 часот, консумирање повеќе течности и хигиенски начин на подготовка на храната, се вели во соопштението од овој Синдикат.
СГИП препорачува и бара да горенаведените препораки останат валидни се додека траат високите температури и државните надлежни органи не донесат официјални упатства.
-Искрено се надеваме на координација помеѓу сите засегнати страни и јавно објавување на вакви барања со Апел да го заштитиме здравјето на вработените во градежништво и индустрија за градежни материјали во услови на топлотен бран, се додава во соопштението.
Од Синдикатот потсетуваат дека Безбедноста и здравјето при работа за вработените во нашата држава е исклучително важно право и обврска која мора да се спроведува и почитува.
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
