СГИП бара бенифициран стаж за градежните работници
Раководството на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на РМ (СГИП) при Сојузот на синдикатите на Македонија денеска апелира до Министерството за труд и социјална политика да се реализира иницијативата за доуредување на правото на бенефициран стаж за градежните работници.
Се бара да се прошират работните места во Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење. Иницијативата, според претседателот на СГИП Павел Трендафилов, е прифатена од ресорното Министерство уште пред две години, во изминатиот период се воделе преговори, а последната средба на работните групи се одржала пред три недели. И по две години, посочи Трендафилов, се уште нема резултати, а барањето е поддржано и од работодавачите.
- Градежните работници се двигатели на растот на економијата во Македонија, а според последните статистики и анализи на Европската конфедерација на синдикати работниците во градежништвото и индустријата на градежни материјали од сите сектори се најмногу трудово интензивни, со над 50 проценти директно учество во работата, односно најексплоатирани работници, рече Трендафилов на прес-конференција и најави дека за нивното барање ќе ги информираат меѓународните синдикални организации во кои членуваат.
Најтешките работни места што се моментно во секторот градежништво и индустријата на градежни материјали, посочи Трендафилов, се опфатени во целиот овој процес или над 50 проценти од вкупниот број вработени кои се директно во производство треба да го остварат своето право.
Работни места за бенифициран стаж, укажа, веќе постојат во правилникот и може да се направи посебна графа и за секторот градежништво. СГИП бара да се додадат уште пет до шест работни места во правилникот, со кој, како што рече Трендафилов, вакво право има само за градежни работници за бушење тунели, но во Македонија нема компанија која изведува такви активности.
Апелираме до Министерството сериозно да ја сфати оваа работа, да дојде до консензус и да се оствари ова право кое работниците апсолутно го заслужуваат, рече Трендафилов.
Прашан како очекува сега да се реши барањето со оглед на политичките промени во раководната позиција на МТСП Трендафилов посочи дека за нив институција до која е упатено барањето е Министерството за труд и социјална политика, не ги интересира кој е министер и не може да се повлечат независно од случувањата во државата.
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа