Сезоната во Германија ќе заврши со навивачи на трибините
На финалето на германскиот Куп ќе може да учествуваат неколку стотици навивачи на двата тима, но не повеќе. Ова го изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Берлин.
На 4 јули, Баерн (Минхен) и Баер (Леверкузен) ќе се натпреваруваат за втората највредна награда во германскиот фудбал, кога мечот ќе се одигра на Олимпискиот стадион со 74.000 места со седиште во главниот град на земјата.
Од 30 јуни, Германија олабавува некои мерки за борба против коронавирусот и ќе овозможи собирање до 1.000 луѓе на едно место. Сепак, во овој број се вклучени штабовите на двата клуба, како и различни други претставници поврзани со организацијата на натпреварот, што ќе остави многу малку слободни места за навивачите.
– Јас сум оптимист и се надевам дека дури и малку, ќе има наши навивачи на стадионот. Сепак, оваа одлука зависи целосно од политиката, рече спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер.
Финалето за кое станува збор на 4 јули ќе биде последниот натпревар од сезоната во Германија. Првенството треба да заврши на 27 јуни.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден