Севернокорејски хакери упаднале во стотици компјутери на јужнокорејски институции
Полицијата на Јужна Кореја денеска соопшти дека севернокорејската хакерска група Лазарус минатата година ја наруши безбедноста на стотици компјутери на 61 јужнокорејска институција во обид да изврши голем кибер напад против Сеул.
Од јуни минатата година, хакерската група упаднала во 207 компјутери користејќи го инсталираниот безбедносен софтвер, а осум медиумски фирми се меѓу погодените институции, соопшти јужнокорејската Национална полициска служба (НПС).
Како подготовка за нападот, групата Лазарус најпрво ја наруши одбраната на јужнокорејскиот продавач на безбедносен софтвер, што се користеше при инсталирање на безбедносни приклучоци за онлајн банкарство. Како резултат на тоа, во моментот кога ќе се отвори медиумска веб-страница, малициозниот код автоматски се инсталира на компјутерите со инсталиран безбедносен софтвер.
Според НПС, хакерите подготвувале кибер напад од големи размери за да ја преземат контролата врз погодените компјутери и да ги претворат во „зомби компјутери“. Сепак, обидот за упад во компјутерите навреме бил спречен од јужнокорејските власти без да биде предизвикана некаква штета.
Лазарус е хакерска група на Централното разузнавачко биро на севернокорејската Влада одговорна за упад во системот на компанијата „Сони пикчрс“ (Sony Pictures) во 2014 година.
Ново на Сител
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти