Северна Македонија издвоена како позитивен пример на Глобалниот самит за отворено владино партнерство во Отава
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваа на отворањето на шестиот Глобален самит за отворено владино партнерство, каде Северна Македонија беше посочена како позитивен пример со реформите во пристапот до правда.
Потврдата за реформите во пристапот до правда во нашата земја, се наведува во соопштениот од МИОА, била истакната и од Канцеларијата за отворено владино партнерство, но и од директорот на Фондацијата отворено општество, Патрик Гаспард.
– Десет проценти од акциските планови за Отворено владино партнерство сега го поврзуваат пристапот до правда со отворена влада. Во Северна Македонија, Владата поддржува четири независни центри за пристап до правда кои се фокусираат на маргинализираните групи и обезбедуваат обуки за правно зајакнување за владините службеници, потенцираше Гаспард.
Самитот годинава се одржува во Отава, Канада каде во следните два дена се очекува присуство на високи претставници од влади и граѓански организации од целиот свет.
Ново на Сител
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници
-
Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери