Северна Кореја тврди дека нема ниту еден случај на Ковид-19

Северна Кореја нема ниту еден случај на заразен со коронавирус, соопшти денеска високо позициониран претставник на здравствените власти во земјата, пренесоа француските медиуми.
Веста се објави во момент кога повеќе земји изразија сомнеж дека во Северна Кореја нема зараза.
Сиромашната и дипломатски изолирана земја се граничи со Кина и Јужна Кореја, кои беа силно зафатени од вирусот, а своите граници ги затвори уште кон крајот на јануари, кога воведе драстични мерки за изолација.
Директорот во антиепидемиолошкиот оддел на Националниот центар за борба со епидемии, Пак Мон-су, денеска потенцираше дека напорите што ги вложија властите помогнале земјата да постигне подобар успех во борбата против глобалната закана и на нејзина територија да нема ниту еден заразен.
-Досега ниту едно лице во земјата не е заразено со коронавирусот, истакна тој.
„Ние презедовме превантивни и научни мерки, како инспекции и ставање под карантин на сите лица кои влегоа во нашата земја, извршивме целосна дезинфенкција на сите производи, како и затворање на границите и прекин на поморските и воздушните врски“, потсети тој.
Само неколку земји во светот, најчесто изолирани острови или држави опустошени од војни, досега не пријавија за ниту еден случај на зараза со Ковид-19, забелеуваат француските медиуми.
Според експертите, Северна Кореја е особено ранлива на вирусот заради својот здравствен систем, за кој се знае дека има доста проблеми. Тие го обвинија Пјонгјанг дека крие дека во земјата има епидемија.
Минатиот месец командантот на американските сили во Јужна Кореја, Роберт Ејбрамс, изјави дека е речиси сигурен дека во Северна Кореја има случаи на зараза со Ковид-19. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, изјави дека „нешто се случува во Северна Кореја” и во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му понуди помош за земјата.
Северна Кореја, која е цел на повеќе санкции на Советот за безбедност на ОН заради својата забранета нуклеарна и балистичка програма, побара помош во борбата со вирусот.
ОН му одобрија на УНИЦЕФ и на организациите, како „Лекари без граници”, да испратат во Северна Кореја комплети за дијагностицирање, маски, заштитна облека и дезинфективни средства.
Ново на Сител
-   
           Утре една година од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад
-   
           Расчистени кривични дела извршени од малолетници во реонот на Бит Пазар
-   
           Франција воведува специјални розови регистарски таблички
-   
           На експресниот пат Крива Паланка-Страцин ќе се градат нови клучки кај Десетак и Петралица
-   
           Муниција пронајдена во возило, приведен скопјанец
-   
           Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни
-   
           Со сослушување сведоци денеска во Кривичен треба да продолжи судењето за „Онкологија 2“
-   
           Притвор за тетовец поради закани на Фејсбук кон жена и функционери од политичка партија







